Северна Македонија со зголемена мобилност во рамки на програмата CEEPUS

Flaka
Botuar nga Flaka 16 Maj, 2025 10:55

Северна Македонија со зголемена мобилност во рамки на програмата CEEPUS

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од државната секретарка Елена Ивановска, учествуваше на 24. состанок на заедничкиот комитет на Програмата за размена во Централна Европа за универзитетски студии (CEEPUS), кој се одржа во Будимпешта. Настанот беше организиран од Министерството за култура и иновации на Унгарија и Централната канцеларија на CEEPUS во Виена.

На состанокот се дискутираше за досегашната ефективност на програмата, перспективите за проширување на квотите за мобилност кај земјите потписнички, како и можностите за приклучување на нови држави учеснички во рамките на програмата.

Во своето обраќање, Ивановска истакна дека CEEPUS е клучен инструмент за размена на знаења и искуства, особено во контекст на тековните реформи во образовниот систем на Северна Македонија.

„Бројот на високообразовни институции од Северна Македонија кои активно учествуваат во програмата постојано расте, и особено ми е драго што сме координатори на четири академски мрежи. Го поддржуваме проширувањето со нови земји и оваа година ја зголемивме мобилноста – со 150 стипендии за студиски престои во странство“, нагласи Ивановска.

Северна Македонија, како земја-потписничка на договорот за CEEPUS III, заедно со Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Косово, овозможува вклучување на универзитетски институции како партнери во вкупно 127 академски мрежи.

Преку овие мрежи, студентите од прв, втор и трет циклус, како и универзитетските професори, имаат можност да аплицираат за стипендии за престој и студии во странство. Конкурсот за академската 2025/2026 година е веќе во тек и е достапен за аплицирање. Флака Медија

Flaka
Botuar nga Flaka 16 Maj, 2025 10:55
Shënim: Disa imazhe gjenden nga interneti, që konsiderohen të jenë në domenin publik. Nëse dikush pretendon pronësinë, ne do të citojmë autorin, ose, sipas kërkesës, do të heqim menjëherë imazhin. Flaka Media