ДУИ: Етнички унапредувања во УЈП – опасна сегрегација во институциите

Flaka
Botuar nga Flaka 21 Maj, 2025 09:29

ДУИ: Етнички унапредувања во УЈП – опасна сегрегација во институциите

ДУИ изразува длабока загриженост и огорченост поради последните резултати од интерните конкурси во Управата за јавни приходи, кои уште еднаш ја разоткриваат системската дискриминација кон Албанците во институциите на државата.

На интерниот конкурс од 26 февруари годинава, унапредени се 26 Македонци и ниту еден Албанец. Дополнително, на конкурсот од 16 мај, од 41 унапредување, 40 се Македонци, додека само еден е Албанец. Овие бројки не се случајни, туку се резултат на смислено исклучување на Албанците од јавната администрација, што е спротивно на Уставот, Законот за употреба на јазиците и принципите на правична застапеност.

Оваа пракса е алармантен показател за враќање на старите дискриминаторски политики кои го поткопуваат соживотот и мултиетничкиот карактер на државата. Ја повикуваме Владата итно да објасни како е можно во 2025 година, во земја која се стреми кон членство во Европската унија, вакви етнички несразмери да се случуваат без срам и одговорност.

ДУИ нема да молчи пред овие неправди. Ќе ги преземеме сите политички и правни мерки за да се запре оваа институционална деградација на Албанците. Апелираме и до меѓународната заедница внимателно да ги следи овие тенденции кои водат кон сериозни нарушувања на меѓуетничката рамнотежа во државата. Flaka

Flaka
Botuar nga Flaka 21 Maj, 2025 09:29
Shënim: Disa imazhe gjenden nga interneti, që konsiderohen të jenë në domenin publik. Nëse dikush pretendon pronësinë, ne do të citojmë autorin, ose, sipas kërkesës, do të heqim menjëherë imazhin. Flaka Media