Македонија на второ место од крајот по заштита на работничките права
Конфедерацијата на синдикатите на светско ниво (ITUC) во својата годишна „Индекс за глобални права“ ја рангираше Македонија на четврто место во светот по системски прекршувања на работничките права, ставајќи ја на претпоследното место во ова негативно рангирање.
Извештајот истакнува дека меѓу најлошите услови за работниците од почетокот на мерењето на индексот се и практиките на формирање „жолти синдикати“ од страна на работодавачите, а Македонија е посочена како јасен негативен пример во овој поглед.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) постојано предупредува за ризиците од формирањето на ваквите синдикати, кои со политички налози ги принудуваат работниците да се приклучат, со што ги поткопуваат колективните договори и значително ги намалуваат нивните права. „Жолтите синдикати“ наместо да ги штитат работниците, ги застапуваат интересите на работодавачите и не придонесуваат за подобрување на условите за работа и зголемување на платите.
Последниот пример е и вештачкото намалување на прагот за определување на застапеност од 10% на 5%, што отвора простор за засилување на влијанието на „жолтите синдикати“.
ССМ, како полноправна членка на ITUC, го потврдува својот непоколеблив ангажман за заштита и унапредување на работничките права во Македонија, повикувајќи на свесност и единство во борбата против овие разорно влијанија.
Флака Медиа














